Алфа дознава: Неофицијално Драган Ковачки е предлогот за технички министер на МВР

Алфа од свои извори го доби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрепни работи. Станува збор за Драган Ковачки кој е ново лице во политиката, но е добро познат професионалец во својата работа. Ковачки доаѓа од редовите на Армијата на Македонија каде со тек на време стигнал до чинот полковник.

Професионалната кариера Ковачки ја градел со напредување низ сите скалила во АРМ. Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата. Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, како што се специјалните сили и другите сектори. Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада , началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Неговото образование, сито така е од сферата на одбраната. Има завршено повеќе високи школи и обуки во Сад и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија воХрватска и Воена Академија во Р. Македонија. Завршил успешно во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризам. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Р. Хрватска. Родител е на две деца, и е од Скопје.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста