Анкета на ИРИ: 69% од граѓаните се незадоволни од Шилегов, 53% сакаат нови градоначалници

Според анкетата СДСМ речиси сигурно го губи Ѓорче Петров, 24 проценти од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 21 за СДСМ. Ова покажува дека за разлика од минатите локални избори, довербата во владејачката партија е падната за 9 проценти.

Најголема доверба како што веќе е познато има градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, но тој е во кавга со раководство на партијата, па останува непознато дали ќе оди на локалните избори како нивни кандидат.

Економските последици од пандемијата и достапноста на вакцините исто така се проблем за македонските граѓани.

Повеќе од една година подоцна, пандемијата сѐ уште е примарна грижа за граѓаните на Македонија, кои исто така се грижат за достапноста на вакцините и за економските последици од ограничувањето на движењето и затворените бизниси. На локално ниво, граѓаните можеби ќе бараат промени на претстојните избори, што ги зголемува шансите на опозициските кандидати – истакна Пол Мек Карти – директор на ИРИ Европа.

Како еден од најголемите проблеми на граѓаните се става невработеноста, дури 23 проценти се незадоволни од тоа како во моментов Македонија се справува во овој сегмент. Оваа анкета покажува загриженост на граѓаните и кога е во прашање евроинтеграцијата на државата. Националниот примерок е направен на 1.222 лица над 18 години.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста