Алфа ТВ и OMД ќе отворат заедничко телевизиско студио во Вашингтон

Алфа телевизија и Обединетата македонска дијаспора потпишаа меморандум за отворање на телевизиско студио во Вашингтон, од каде за македонската публика ќе се произведуваат вести поврзани со сите случувања во САД. Целта на овој договор е, како што изјавија директорот на Алфа ТВ Јане Бојаџи и претседателот на ОМД, Методија Колоски, постојано, концизно, квалитетно и објективно известување од центарот на светската политика.

Според планот, студиото во Вашингтон ќе биде водено од професионалци во САД, а Алфа ТВ ќе обезбеди покривање на емисиите кои ќе одат еднаш неделно, како и помош, односно тренинг за членовите на ОМД кои ќе учествуваат во проектот.

Драган Милосављевиќ

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста