Перински: Марин ќе троши за пари лампиони и светилки додека Аеродром се гуши во смог и луѓе умираат од корона

„Пред три дена градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, распиша оглас за јавна набавка за новогодишно украсување на општината во услови кога граѓаните се борат со загадениот воздух и корона заразата. Значи Марин ќе троши за лампиони и светилки, а нема да потроши ниту денар за почист воздух или пак за помош и превентивни мерки од корона заразата“ – напиша во својот фејсбук статус Златко Перински.

Перински потенцираше дека во Општина Аеродром, во овој момент има над 1400 заразени од корона, на кој сигурно им е повеќе потребна помош за пребродување на здравствената криза од тоа таткото на општината да троши за лампиони и светилки. Овие пари можеа да се потрошат и за купување на лап топ компјутери за дечињата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, а кои не се во можност да ја следат он лајн наставата, предложи Перински.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3698079243568801&id=1577453738964706&sfnsn=mo
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста