Предизборно власта ја поништува лустрацијата, оштетените ќе можат да тужат


Deprecated: Implicit conversion from float 1714265401.192823 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Владата ја поништи лустрацијата.Министрите вечерва на седница го усвоија предлог-законот со кој одлуките на Комисијата за лустрација за системско прочистување на соработниците на тајните служби и последиците од нив се сметаат за ништовни.

“Со овој закон, се исправа една долгогодишната неправда направена кон лицата кои беа жртви на постапките пред Комисијата за верификација на факти и други надлежни органи, за кои јавноста беше запознаена и преку случаите на нарачаните лустрации, споменувани во објавените телефонски разговори. По сила на овој закон во целост стануваат ништовни сите правни акти, дејствија и мерки донесени односно преземени од Комисијата за верификација на фактите и други надлежни органи. Воедно, со овој закон во целост стануваат ништовни сите правни последици што ги произвеле правните акти, дејствија и мерки”, велат од министерството за правда.

Оштетените од одлуките на Комисијата за верификација на фактите ќе можат да тужат. Доколку тоа го сторат во рок од 60 дена од влегувањето во сила на законот ќе добијат надомест на штета.

За предложените измени на Фејсбук се огласи и премиерот Заев. Вели дека владата продолжува да исправа неправди. Според него на овој начин се заокружувала правната рамка на реформата во правосудството. Во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста и се поништувале правните последици од лустрацијата.

Законот за лустрација беше донесен во 2008 година и важеше седум години. Беа опфатени 300 лица кои имаа забрана за вршење јавна функција.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174