Еко активистите по седницата на Советот за безбедност: Одговорните си ја префрлаат топката за мерките против загадувањето

Загадениот воздух го натера претседателот Пендаровски да ги седне на иста маса екологистите и министерот за животна средина. Надлежните дадоа отчет за мерките кои ги преземаат за аерозагадувањето, а невладините организации со свои предлози за тоа како македонските градови да не бидат меѓу најзагадените во светот. Претседателот потсети и дека се заложил за зголемување на буџетот за заштита на животната средина. Македонија би требала да издвои големи средства за исполнување на обврските од поглавјето 27 во преговорите со Европската Унија.

“Проблемите во делот на заштитата на животната средина треба да се решаваат многу подобро и системски. Никој не може да ги реши во еден мандат. Битно е дека првпат на Советот за безбедност се повикуваат невладини организации и се поставува прашаето за еколошка безбедност. Мојата идеа да ги поканам невладините активни во оваа област беше да ги соочат своите аргументи со надлежните во државата за заштита на средината. Уште од сега, грубо, поглавјето 27 нас би не чинело над пет милијарди евра, укажа шефот на државата, додавајжи дека дава поддршка и за креирање национален фонд”, рече Пендаровски.

Претставниците на невладините организации пак обвинуваат дека надлежните си ја префрлаат топката за тоа кој мора да преземе мерки за загадувањето. Тие побараа забрана за увоз на отпад, преразгледување на сите елаборати за хидроцентрали во заштитени подрачја, полициска поддршка на испекциските контроли за животна средина и контрола на дивоградби. Велат дека претседателот на државата е последната институција каде ќе се обратат. Доколку ништо не се направи ќе ги интензивираат протестите.

“Ако овој состанок беше на највисоко ниво тогаш и решението треба да биде на највисоко ниво.Досега ништо не е преземено”, вели Дупшко Груевски од Еко фронт Битола.

Првиот дел од седницата на советот за безбедност се однесуваше на безбедносната ситуација. Констатирано било дека состојбата на сите граници е нормална Оператиовно-теничката агенција е на ниво на задачата, а нејзиното екипирање од и според пчланот.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста