Димитров: Заедничката бугарско-македонска комисија може и да не проработи повторно


Deprecated: Implicit conversion from float 1714304522.97277 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Песимистички пораки од Софија за работата на бугарско – македонската историска комисија. Според шефот на бугарскиот тим од заедничката комисија за историја  Ангел Димитров нејзината работа е претворена во домашен политички проблем за Македонците.

Работата на комитетот беше еднострано прекината со аргументот дека треба да се усогласат со претстојните предвремени избори, кои се за 4 месеци. Тие едноставно одбиваат да се запознаат повеќе и да разговараат. Останува прашањето дали комисијата ќе ја продолжи работата во мај. Овој аргумент ми е исто така изненадувачки, затоа што колегите секогаш велеа дека работат без политички притисок, дека сè околу нив е мирно” –  изјави предводникот на бугарската комисија во рамките на мешовитиот комитет.

Шефот на македонскиот тим во заедничката комисија  Драги Ѓоргиев не ги прочитал најновите пораки од Димитров и затоа не сака ниту да ги коментира.

Не сум во Македонија, и не знам што кажал колегата Димитров, затоа не можам да коментирам пишува во одговорот на Ѓоргиев на прашањето од Алфа.

За досегашната работа на комисијата професорот Димитров вели дека се што е досега договорено е незначително. И понатаму останува на ставот за личноста на Гоце Делчев како Бугарин, потенцирајќи дека историската вистина е важна за Бугарија. Шефот на бугарската комисија продолжува со провокациите констатирајќи дека современиот македонски јазик настанал како комбинација од две-три месни наречја со позајмени букви од српската азбука.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174