900 матуранти сакаат да заминат на студии или работа во странство

 Речиси 900 матуранти размислуваат  да ја напуштат државата. За некој од нив запишувањето на европските универзитети е единствена виза за да заминат. 21 %  планираат да студират во странство, а од оние кои нема да го продолжат своето образование, дури 24% се изјасниле дека сакаат да се иселат. Предничат студентите од Штип, Македонска Каменица и Струмица.  Ова се анализи од последното истражување што го направија студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев„.

  „Доколку земеме во предвид дека оваа година за државна матура од овие региони се пријавени повеќе од 3500матуранти и ако ги вкалкулираме овие статистики кои не се егзактни , туку се сериозни индикативни тогаш би можеле да дојдеме до бројка од околу 900млади , коишто потенцијално би ја напуштиле државата, само од последната генерација„ изјави проф.Страшко Стојановски.

 Според анкетата во изминатите пет години се дуплирал и бројот на одлични средношколци. Социолозите за ова имат две објаснувања  или имаме премногу паметни генерации, или се намалени критериумите за отценување, изјави Страшко Стојановски-Универзитет„ Гоце Делчев„-Штип

  „Бројот на одличните средношколци речиси е дуплиран. Тоа се повторно перцепции, што значи е индикатор дека компетитивноста и во средните училишта се зголемила, како и на ниво на Универзитети. Борејќи се за ученици и за сопствен рејтинг или очигледно имаме добри генерации или во системот имаме намалување на критериумите„ рече проф. Страшко Стојановски.

Најатрактивни за македонските студенти се универзитетите во Словенија, Софија, Пловдив и Солун.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста