74% од граѓаните не сакаат брзи избори во време на пандемија – истражување на “Habeas Corpus”

74% од граѓаните се против одржување на брзи избори во време на пандемија, стои во истражувањето на институтот  “Habeas Corpus”, кое го објавија интернет порталите. Според истражувањето наспроти бројката од 74% кои не сакаат брзи избори, 14% се изјасниле дека се согласуваат, 5% не знаат, а 7 % немаат одговор.

На прашањето “Дали очекувате зголемување на корона кризата со одржување на брзи избори”  66% од испитаниците сметаат дека ќе се зголеми, 7% одговориле “Не ќе се намалува” , 18% се изјасниле дека ќе излезе од контрола, додека пак 9% немаат одговор.

Од институтот информираат дека анкетата е спроведена телефонски на 1203 испитаници во периодот од 13 до 16 мај, а резултатите се со можност за грешка +-2.

Додека се преговара за брзи избори, комисијата за заразни болести го објави протоколот за спроведување на истите во коj меѓудругото се препорачуваат посети од врата на врата како дел од кампањата.

Граѓаните се децидни дека не само што нема да им отворат врата на партиите, туку предупредуваат дека нема ни да излезат на гласање.

Иако власта притиска брзи избори во време на пандемија кога бројот на починати од Корона вирусот расте, дел од експертите предупредуваат дека брзи избори се руски рулет за здравјето на граѓаните.

Инаку СДСМ упорно инсистира на избори на 21 јуни, а ВМРО-ДПМНЕ ги предлага 23 или 30 август и 13 септември.

Meри Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста