Угостителските објекти остануваат затворени, утре ќе се знае кога ќе почнат со работа

Ништо од отворањето на кафетериите и угостителските објекти. Иако владата бараше да се отворат вратите на локалите кои речиси два месеци беа под клуч, сепак комисијата за заразни болести не даде амин тие да почнат со работа. Министерот за здравство рече дека веќе утре, ќе се знае кога локалите ќе проработат.

– Дискусија на Комисијата за заразни болести и за ова прашање ќе има утре, па сите мерки ќе бидат соопштени пред Централниот штаб. Најавивме отварање и на други економски субјекти неделава, но утре и за тоа ќе знаеме. Мерките за следните чекори на економските оператори ќе бидат согласно стручните препораки, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

И додека угостителите на големо чекаат да почнат со работа, Министерството за економија побара нивно отворање, но конечната одлука рече ќе ја донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

На прашањето зошто прво се отворија моловите, а не угостителските објекти каде постои помала опасност од пренесување на заразата, Бектеши рече дека Комисијата и предложила на Владата да донесе таква одлука.

– Комисијата и предлага на Владата кои објекти првично ќе бидат отворени и во кои фази кои објекти и кои сектори првично ќе почнат со работа. Како Министерство ги дадовме своите забелешки и сугестии за пртотоколот што ни беше доставен, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести, рече Бектеши на прес-конференција во Владата, во одговор на прашање зошто прво се отворија моловите, а не угостителските објекти.

Се уште не се знае ни дали ќе има олабавувањње, укинување, или пак целосен карантин за време на продолжениот викенд, во очекување на двата празници, „Рамазан“ и Св. „Кирил и Методиј“.

Во меѓу време газдите остануваат на ставот дека ќе ги почитувале препораките зашто состојбата во светски рамки е секаде иста, но бараат да се следат примерите од другите држави како би можеле да функционираат кога ќе почнат со работа.

Инаку, веќе од следната недела се предвидува да започнат со работа и казината, затворените базени, како и фитнес-клубовите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста