68 проценти од набавките за борбата против короната „тешки“ 6,7 милиони евра се направени спротивно од законот

За едно парче маска се плаќало и 448 денари, а за еден скафандер институциите трошеле и до речиси 1800 денари. Сериозни индиции за корупција во јавни набавки за борба против Ковид-19, покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации. Во првите шест месеци од корона кризата државата за итни јавни наваки потрошила 6,7 милиони евра. Скоро половина од сите тендери ги добиле само пет фирми фирми, иако конкуренцијата била многу поголема. За 68 отсто од склучените договори, фирмите ја прекршиле законската обврска да го објават договорот во предвидениот рок од десет дена. 

Големи разлики во цените од институција до институција има кај сите производи што се набавуваа во кризата: маски, ракавици и скафандери.

Во повеќето набавки, во описот стои “заштитни маски„, а само во неколку, пишува  какви се маските –  двослојни, трослојни, со или без појачани набори. Исто така, во повеќето е изоставен делот колкава количина од потребните средства е набавена.

„Кај маските, освен големите разлики во цените во зависност од видот на маската, големи разлики има и кај цените на маските од ист вид. Институциите купувале 16 различни видови маски. Значаен дел од институциите не ги наведуваат во договорите ниту договорените количини, ниту договорените поединечни цени, со што практично го оневозможуваат увидот во суштинските делови од тендерите“.

Кај „заштитните скафандери за еднократна употреба“, цените се движат од 177 денари до 1.156 денари по скафандер. Инаку, низ набавките, забележани се седум различни описи на набавените скафандери, од коишто најскапиот е по цена од 1.788 денари – опишан како медицински заштитен скафандер.

И кај ракавиците има пет различни видови, чии цени се движат од 1,8 денари до 9,32 денари за една ракавица.

Александра Алексиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста