5,5 км пат до селото Луковица никој не сака да го асфалтира

За неасфалтиран локален пат од само 5,5 км, животот во селото Луковица може да згасне.Веќе се децении мештаните молат да се доправи патот, но надлежните ги игнорираат.Селото има 50-тина постојани жители, постари, но и деца.На лекар не можат да одат,ниту пак лекар некогаш дошол во селото,оти се вози едвај по земјен и тежок пат.Луковица спаѓа во општина Желино, и е единствено од 18-те села,каде живеат Македонци.Градоначалникот им рекол, дека нема пари.

-Лани, градоначалникот дал 6000 евра за еден ден за фестивал во Седларево,фестивалот е минлива работа, а ова е проблем кој би се решил за трајно.Кога би бил патот подобар, ќе доаѓаат многу луѓе за празници,ќе сака некој да направи и куќа, изјави Миле Сибиноски- МЗ Луковица

Патот е многу важен и за економски развој.Непристапноста полека ги замира и сточарството и земјоделството,поради потешкотии за пласман.

-Во Луковица има сточарство,се одгледуваат кози и крави за млеко и сирење.Има потешкотии за пласман, за продавање за да опстанат тие луѓе горе што произведуваат, три фарми се и не можат да дојдат да го продадат млекото и сирењето, вели Ацо Спасеновски- МЗ Луковица

Сите досегашни градоначалници на Желино го игнорирале ова барање на жителите.Никаков одговор нема ниту од централните власти,од каде исто побарале помош.Мештаните сега почнале сами да собираат средства, оти желбата да не згасне селото е велат голема.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста