Нов тарифник за струја – експертите со бројни дилеми околу моделот

Новиот тарифен модел за наплата на потрошената струја кој треба да стартува од 1 јули   отвора повеќе дилеми и многу лесно може да падне на уставен суд. Експертите предупредуваат дека планот на Регулаторната комисија за енергетика за тарифирање во неколку блокови согласно потрошувачката е проблематично бидејќи ги става во нееднаква положба граѓаните. Клучно е како би се дефинирале разликите помеѓу социјални категории на граѓани  и дали ќе има правична наплата по потрошувачка. 

Ќе се постави прашање дали се сите граѓани еднакви во државава или постои разлика меѓу нив, ќе е постави прашање за социјални категории и од таа причина веројатно ќе има реакции. Веќе се најавува дека тоа ќе се обори на Уставен суд. Дека ќе плаќаат тие што ќе трошат најмногу и тоа е можеби некоректно, бидејќи ако ги трошат за работа на некој начин ќе им го наруши нивниот начин на работа, вели Константин Димитров.

Новиот тарифен модел според Регулаторна комисија за енергетика ќе се воведе за да се решат проблемите во наплатата и потрошувачката. Каква е таа, покажува податокот дека 17 домаќинства трошеле дури 30 отсто од домашното производство. Познавачите велат дека  тарифникот треба да дестимулира  вакви големи потрошувачи и ваквите промени требало да се направат многу порано. Дел од упатените се надеваат дека новиот модел ќе ги натера граѓаните да штедат, но дилемите се дали и ќе го реши крадењето на струја:

Фрапанто е да добиеме една таква информација и добро е што сега оние што најмногу трошат ќе плаќаат сто проценти , што значи претпоставуваме дека заработуваат од таа струја и сега ќе плаќаат повеќе и ќе се дестимулираат да ја трошат таа струја се додека енергетската криза не заврши, вели Синиша Пеќевски – бизнис консултант

Новиот тарифник кој треба да стартува од 1 – јулио заедно со новата цена на струјата  вклучува три или четири блока по примерот на соседните земји, а лимитите на потрошувачка на блоковите се уште се калкулираат.

Според податоците  од РКЕ 660 илјади домаќинства во државава или 22 отсто трошат месечно до 100 киловат часови, 20 отсто трошат од 500-1000 киловат часови,  а дури 53 отсто од потрошувачката е на скапа струја.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста