За ВМРО-ДПМНЕ најважно е да се обезбедат гаранции за здравјето на граѓаните и гаранции за кредибилен изборен процес

ВМРО-ДПМНЕ поаѓа од своите принципи за заштита на здравјето на граѓаните, со оглед на растечката тенденција на ковид заразата. Освен гаранции за заштита на здравјето на граѓаните, Мицкоски на средбата ја посочи потребата за кредибилен Изборен процес, при што потребен е и увид во избирачкиот список и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ и ОДИХР. Мицкоски инсистирал да се запазат уставните и законските норми во однос на изборите, и да не се лицитира со датуми, бидејќи тоа е неодговорно кон граѓаните. Тој посочи дека изборите не смеат да се претворат во трка по датуми, туку суштина која треба да обезбеди гаранции за здравјето и за кредибилен изборен процес. ВМРО-ДПМНЕ е за компромис бидејќи тоа е добро за државата, но не и прифаќање на еднострани диктати кои генерираат дополнителни кризи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста