Џафери дочекан со транспаренти: Ароганцијата и забеганоста немаат нација, но имаат име: Талат Џафери

Талат Џафери повторно дочекан со транспаренти и негодувања. На седница во понеделникот целосно го игнорираше скандалот со неговото однесување, а на денешната средба со новинарите, на која се пофали за 520.000 евра потрошени за нови собраниски микрофони и системи за гласање, рече дека нема зошто да се извини.

„Не чуствувам потреба да се извинам. Не чуствувам одговорност, секој си има двоја должност и задача, јавноста ќе цени. Зборовите не беа упатени кон службениците, опозицијата кажува така, туку кон работата. Што и да кажам, опозицијата друго зборува“ – Истакна собранискиот спикер Талат Цафери.

Според него, одговорноста е кај оној кој требало да ги исклучи микрофоните, а тоа не го направил.

„Тој што бил должен да исклучи, не исклучил. Не знам дали имало намера или не. Нека остане на негова одговорност и совест. Ако некој продолжи да прави такви грешки, има процедура, ќе се оцени и ќе се поведе дисциплинска постапка. За таква грешка се оди дома.“ – Додаде Џафери.

Запрашан, како ќе се чувствува ако новинарите го опцујат, вели, ако сум за пцуење, пцујте.
А за тоа како се чуствувале службениците, собранискиот спикер им порача на новинарите да направат анкета со нив и да ги прашаат. Смета дека службите биле среќни и задоволни, затоа што биле набавени нови компјутери за работа.

За причината за ваквото скандалозно однесување, спикерот Џафери вели дека го испровоцирале грешки во техничките процедури на Собранието, за што потоа тој ќе бил одговорен. Додека пак на генералната секретарка која раководи со собраниските служби, иако присутна, не и даде збор. Вели, ова е мој брифинг, по што побара новинарите да го прашуваат за други теми, настраната од пцостите и навредите.

Инаку опозицијата веќе достави представка до Комисијата за избор и именувања на која бара санкционирање на собранискиот спикер.

– „Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал“ – Изјави Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна владејачката СДСМ ниту го осудува ниту бара одговорност од Џафери. Од нивната пратеничката група го правдаат и сметаат дека тој веќе им се извинил на службениците

Талат Џафери не негираше дека неговиот глас се слуша на снимките кои протекоа во јавноста.
Сепак, премиерот Димитар Ковачевски, во обид да го оправда, веројатно поради мир во коалицијата, порача дека од објавеното аудио не можеме да видиме кој со кого зборува.

Новинар: Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста