Џафери во мисија да ја задуши активната блокада – Нема најави за продолжување на седницата што скандалозно ја прекина

Се обидува ли собранискиот спикер Џафери да ја задуши активната блокада на опозициската коалиција во Собраниеto? И покрај најавите на власта, дека собрнието функционира и блокадата е неуспешна, сепак Џафери нема закажано продолжение на седницата што самиот ја прекина. А нема најава ниту дека ќе ја закаже во текот на следната седмица.

Собранискиот спикер е на посета во Германија, каде меѓу другите, ќе се сретне и со преставниците на парламентарниот ТВ канал на германскиот Бундестаг, колеги на собраниските службеници за кои Џафери бараше одговорност и казни, поради тоа што дозволиле неговото недолично однесување да излезе во јавност.

„Продолжена седница нема, кога ја прекина претседателот седницата, на самата седница кажа дека дополнително ќе свика продолжение. За оваа недела нема да нема свикано.“ – Стои во известувањето од неговиот кабинет.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека власта се додворува на странските фактори бидејќи не ја говорат вистината. За скандалозното однесување на спикерот беше најавена и интерпелација. Но, од опозицијата велат дека таа нема да успее, бидејќи власта е свесна дека ако падне Џафери, ќе падне и владата.

„Ковачевски ако го нападне талат Џафери ќе му падне владата Ене вчера го гледаме на стадион во Чаир како навива помеѓу Али Ахмети и Талат Џафери седнат. Тоа доволно јасно прикажува во каква улога е тој човек и зошто велиме дека е заробен. Ние ќе правиме интерпелација единствено да ги слушнеме овие од СДСМ како се препелкаат и го бранат Талат Џафери кој што ги пцуеше мајките на вработените во Парламентот. Тоа ли се вредностите?“ – Изјави Христијан Мицкоск, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Аудиоматеријалот симен во Собранието, кој се појави во јавноста минатата недела, се слуша како Џафери ги повикува дел од вработените во службите кај него, а потоа им се обраќа на недоличен начин, користеќи пцости и погрдни зборови.

Новинар: Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста