Ќе добие ли Парламентот нов Деловник и кога?

Ќе добие ли Парламентот нов Деловник и кога?

Две седници за пратенички прашања месечно, ограничување на процедуралните забелешки и репликите на еден говорник, се кратат роковите за носење закони. Собранието дискутира за нов собраниски Деловник, со кој како што појанси спикерот Талат Џаферо кој е и предлагач, ќе се спречи парализирање на законодавниот дом.

„Целта на сите пратеници е новиот парламентарен состав да работи ефикасно и плански, а пленумот ќе ја има вистинската уставна улога“, порача Џафери.

Ова решение според Џафери не е идеално но е оптимално, а неговите очекувања се дека во иднина нема да има двојни толкувања.  ВМРО-ДПМНЕ најавија поддршка но и конструктивни забелешки со цел да се постигне решение кое ќе биде прифатливо за сите.

„Би го споменала носењето на квартални годишни календари во текот на редовните координации на Собранието, во случај претседателот да мора да свика итна седница тоа ќе мора да го образложи, точките кои доаѓаат од опозицијата задолжително ќе мора да се стават први на дневниот ред, усогласено е на работните тела процедурални забелешки да зема само еден пратеник – координаторот или заменикот односно само еден пратеник. Во однос репликите е договорено на собраниските тела е договорена можност за една реплика и за една контрареплика“, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Разговорите за менување на Деловникот започнаа уште пред пет години во рамки на процесот „Жан Моне“, а со посредство на неколкумина европратеници. Собранието донесе одлука за носење на нов Деловник кој предвидува 26 члена повеќе од сегашниот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )