Јордан Плевнеш и Игор Мировиќ – годинашни добитници на меѓународната награда „Вавилон“

Македонскиот писател Јордан Плевнеш и Игор Мировиќ, поет од Војводина се годинашни добитници на меѓународната награда „Вавилон“ на Друштвото на писателите на Македонија. На свеченото отворање на книжевната манифестација, покрај Мировиќ и Плевнеш, присуствуваа и настапија афирмирани писатели од земјава и странство.

На 4 мај, пак, во галеријата Даутпашин амам во Старата скопска чаршија, со почеток во 11 часот ќе се одржи литературното матине „Вавилон- Поезија на реки од јазици“. Поздравна реч ќе има проф. д-р Дита Старова, директорка на Националната галерија, по што обраќања ќе имаат добитниците на наградата „Вавилон“ Мировиќ и Плевнеш.

Инаку, манифестацијата „Вавилон“ е меѓународна и традиционална, а годинава се очекува да има учесници од Македонија, Србија, Италија, Шпанија и други земји.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста