Штипски „Исар“ се соочува со блокирана сметка

Поради камата на долгови стари повеќе од 20 години, ЕВН ја блокира сметката на штипското јавно комунално претпријатие “Исар“ за 250.000 евра. За да не се доведе во опасност претпријатието за да ги извршува услугите кон граѓаните на итна седница на советот  со ребаланс, на Исар ќе му бидат доделени 20 милиони денари, најави градоначалникот Иван Јорданов.

 Во меѓувреме ќе се направи преструктуирање во претпријатието, ќе се замрзнат нови вработувања и ќе се рационализираат трошоците. Градоначалникот на Штип уште еднаш го повика Обвинителството да постапат  по  извештајот на државниот завод за ревизија кој има констатирано  ненаменско трошење на пари и неодговорно работење на претходните гарнитури.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста