Четири години Преспа – затворениот спор со Грција, отвори нови рани за македонскиот народ

Република Македонија замина во историјата – власта на Зоран Заев со насмевка прифати да се промени уставното име, да се откаже од Македонците во Егејскиот дел, да признае дека античката историја е исклучиво грчка…збришавме се што знаечеше македонско за остѕварување на ветувањата дека Македонија ќе биде членка на ЕУ. Четири години подоцна Македонија се уште ја вози обиколницата околу европското семејство. Затворениот спор со Грција само отвори нови рани за македонскиот народ, па со уште поголеми барања сега сме повторно условени, но и се уште многу далеку од почнување на преговори со Брисел.

Во духот на добрите односи, македонскиот премиер се согласи на се – најпрво преку прекрстување на автопатот во Пријателство и менување на името на аеродромот, во кој Грците гледаа иредентизам. И грчкиот колега на Заев вети нешто, ама има време можеби некогаш и ќе го исполни.

Редењето на предлози за новото име на Македонија се нижеа забрзано. Северна, Горна, Македонија (Скопје), ама на крај пуштен пробен балон Илинденска Македонија….Од цврсти позиции за неменување на Уставот до прифаќање на ново име за севкупна употреба.

Преговорите кои изгледаа дека ќе немаат крај, завршија за неочекувано кратко време, а Македонија сепак го прифати едно од понудените имиња на медијаторот Метју Нимиц. 

Одлуката не беше донесена,ама победата прогласена. На референдумот на 30-ти септември сепак не се постигна потребниот цензус, излегоа 36.9% од граѓаните. Ова сепак се продаваше како триумф.

И премиерот се мачеше со емоциите ама ги убедуваше сите присутните во неговиот штаб дека има причина за славење.

Иако волјата на народот остана погазена, наместо оставка и предвремени парламентарни избори кои ги најавуваше доколку референдумот не успее, премиерот Заев го погази својот збор, нема оставка ќе обезбедува 2/3мнозинство.

Експресно обезбедени пратеници за гласање на уставните измени, уште толку брзо и завршен целиот процес на преименување на државата. 81 пратеник кој уценет, кој со тежок судски товар на грб дадоа зелено светло за Република Северна Македонија.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста