Учебникот по Историја за 5-то одделение како „грдото пајче“, сите бегаат од него

Никој не признава вина за направените грешки во учебникот по Историја и општество за 5-то одделение. Авторите и рецензентите велат виновно е Министерството, од таму топката ја враќаат назад, и во Националната комисија за учебници. Никој не признава пропуст, но неспорно е дека пред учениците со задоцнување од цело полугодие беа доставени учебници со СУШТИНСКИ ГРЕШКИ.

Во случајот со ракописот по предметот Историја и општество за V одд. мислењата коишто во Националната комисија за учебници пристигнаа од БРО и од рецензентската комисија беа позитивни, но со листа на забелешки и сугестии, коишто треба да бидат внесени од страна на авторите пред да се печати учебникот.

Неведено е дека тие треба содржински да се анализираат и отстранат сите пропусти. Жалиме што поради ограниченоста на временскиот интервал не ни се даде можност за подетална проверка пред печатење на книгата, учебникот не го добивме во печатена форма за повторна проверка, пред да оди на печатење – стои во обраќањето потпишано од рецензентката Исмаили.

-Должни сме да информираме дека по направените измени во учебникот кои им се сугерирани од страна на рецензентите, авторите до Националната комисија за учебници на ЦД го имаат доставено учебникот заедно со допис во кој е наведено дека се работи за финална верзија, а рецензентите пак, имаат потпишано изјава дека нивните забелешки се имплементирани во истата, се наведува  во соопштението од Министерство за образование и наука.

Грешките во учебниците кои можеа да се прочитат беа повеќе од скандалозни.  Лапсуси беа забележани во учебникот по Историја и општество каде пишува дека Македонија на запад граничи со Бугарија. Во истиот учебник пишува дека врвот Монт Еверест е висок 29 километри, иако највисоката точка на земјата е околу 8.800 метри, а згрешена е и најниската точка на светот која е 400 метри под морското ниво. Грешки имаше и во учебникот по географија за осмо одделение, па Португалија си доби ново знаме.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста