Три кривични пријави за лажниот лекар во Вевчани

Сите инволвирани во случајот со вевчанскиот лажен лекар да сносат одговорност затоа што дозволиле во здравствена установа да лекуваат доктори без диплома и лиценца за работа.На лажните лекари да не им се дозволи да се дошколуваат ,да им се одземе правото да завршат на нити еден медицински факултет во земјава. Во една нормална држава не смее луѓе со спорни дипломи да се учат и вежбаат на пациенти,реагира пензионираниот просветен инспектор Ѓорѓи Иливески, за кого ова се тешки институционални пропусти.

Триесет и три годишникот на кој вевчанци 6 години му го доверуваа сопственото здравје за тој да си игра лекар со лажна диплома-наместо во ординација, ќе се смести на обвинителна клупа. Тој се товари за три кривични дела: фалсификување исправа,измама и надрилекарство.

Ова е значи еден голем трулеж на системот,како во правосудниот така и во здравствениот систем.Ова е недопустливо нешто, ваква хаотичност,ваква незаконитост не смее да се допушти.На пат сме кон провалијата и затоа ситуациите кои што ги гледаме во здравството, кои што ги имаме во правосудството, не тераат добро да се размисли и добро да се преструктуираат и да се прават чистки во сите институции, вели Ѓорѓи Илиевски-просветен инспектор

За да се дограби до докторска титула,лажниот лекар го фалсификувалуверението за положени испити на факултет за медицински науки во Штип,изготвил и лажна лиценца од Лекарската комора и конкурурал за доктор во вевчанскиот Здравствен дом, каде бил примен во 2018-та година.

Претходно 2 години работел со договор на дело, со што го довел во ризик здравјето на пациентите-стои во соопштението од ОЈО кое оформи уште два други предмети.Едниот се однесува за директорот на Здравствениот дом Вевчани, за кого има индиции дека од 2019-та имал определени сознанија дека лицето кое се претставувало како доктор не поседува лиценца за работа,за што бил писмено известен од Лекарската комора. Директорот на вевчанскиот Здравстен дом Јован Стојковски кој не сака да зборува пред камера, целосно ги  демантира ваквите наводи.

Ако сме нормална држава треба ригорозно казнени мерки и да се види дали имаме и други вакви случаеви,тоа треба да се испита од страна на Здравствениот и санитарен инспекторат.Каде е етиката морална на лекарот ? И било кое оправдување а нема оправдување, мора да има санкци за се’, вели Ѓорѓи Илиевски просветен инспектор.

На тапет е и Комисијата за селекција при вработување која во 2019-та одобрила врабоување на две други докторки,најпрвин како приправници, иако немале лиценца за работа. ОЈО допрва ќе одлучува дали директорот и тројцата членови на Комисијата за селекција при вработување ќе ги товари за несовесно работење и злоупотреба на службена положба и овластување.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста