Стефковски: Скандал, преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Скандалозно и несериозно е тоа што Министерството за труд и социјална политика, преку соопштение до медиумите не извести дека ни ги одзема надлежностите за детската градинка Детска радост во Автокоманда. Ваквата постапка е уште еден јасен доказ дека Министерството за труд и социјална политика води политички, а не законски постапки, информира градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

До овој момент во општина Гази Баба не е пристигнат документ со кој ни се одземаат надлежностите, а Министерството во соопштение до јавноста во петтиот пасус вели: “Одземените надлежности на градоначалникот се реазултат на прекршување на законот од страна на управниот одбор на ЈОУГД Детска радост – Гази Баба и на прекршување на законот од страна на градоначалникот Бобан Стефковски, при водење на постапка за разрешување на директор”.

Тој обвинува за политичко влијание врз вработените во МТСП кои ја воделе постапката

„Самото водење на постапката со сила, говори за политичките притисоци кои изминатите две недели ги имаат вработените во Министерството за труд и социјална политика. А факт дека ова што го говорам е вистина е укажувањето кое го испрати Министерството до општина Гази Баба на кое инспекторката која ја водеше целата постапка не е потпишана, туку на истото стои само нејзиното име и презиме, што не е својствено за водењето на постапки од ваков тип“, вели Стефковски.

Градоначланикот вели дека нема да прави компромис со незаконското работење, а на министерката Јованка Тренчевска и порачува дека за сите незаконски постапки и донесени решенија ќе има ревизија и ќе си понесе одговорност пред сите надлежни органи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста