Спасевска: Ако нема учебници за децата ќе излеземе на протест

Лажните дојави за бомби во образованието се сериозен проблем за кој решение, односно расчистување нема. Но она што загрижува е што нема ништо ниту од ветувањата дека ќе бидат испечатени сите учебници. Тромесечието помина, пред нас е полугодието а учебниците за основците се уште ги нема. Од министерството за образование неколкупати дадоа краен рок- последниот беше почетокот на ноември ама и овој пат не си останаа на зборот. Учениците и родителите се сведоа на мисија „кој како се снајде“ , а наставниците децата ги учат како знаат и умеат. Родителите се револтирани и најавуваат протести  доколку нема учебници до крајот на ноември. Бараат итна средба со министерот за образование.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста