Со пресудата аменстирани владините функционери за пропустите при поставувањето на модуларната болница


Deprecated: Implicit conversion from float 1714309004.470416 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

14 луѓе Изгореа во болница во 21 век, виновник е еден обичен кабел и освен условните казни за директорите, правосудството ниту сакаше ниту имаше волја и храброст да ги гони сите одговорни – од врвот па надолу. 

Министерот за здравство и одговорните во министерството, директно се одговорни за стандардите и условите во болниците, коментира за Алфа адвокатот Звонко Давидовиќ .

Замислите да ви изгорат пациенти во болница и вие  како министер да не најдете за сходно барем морална политичка одговорност да понудите  и да дадете оставка , вели Давидовиќ

Според него, револтот во јавноста дека вистинските одговорни за пожарот во модуралната болница не се пред лицето на правдата се оправдани . Уште кога се случи трагедијата не смееше да се дозволи целата постапка да заврши на еден или двајца луѓе .

Пред се Министерот за здравство и одговорните во министерство за здравство се директно одговорни за работење на болниците кои не ги исполнуваат условите и стандардите во кои може да се случи вакво нешто . Второ одговорни се од министерство , кои се должни  да извршат контрола на запаливи течности , градежни инспекции и сето тоа не им даде обвинителите сигнали навистина до крај  да ја спорведат постапката , и се заврши на двајца луѓе . За жал ова постојано се случува кај нас каде што политичарите се заштитени како бели мечки и длабоко се навлезени во обвинителството и правосудството , вели Давидовиќ .

Пожарот во модуларната болница во Тетово однесе 14 животи.  Според вчерашната пресуда, човечкиот живот вреди нешто над 1.000 евра .

На крајот, сите се занимаваат со тие што немале  вина со пожарот, а се заборавија жртвите и хероите , коментира за Алфа пожарникарот Игор Симовски кој прв стигнал на трагичниот настан. Според неговите сежавања, се работело во екстремно тешко услови , поради кислородните боци огнот пребрзо се ширел, а не била исклучена струјата и се работело под напон .

Сите се занимаваат околу виновниците, јас мислам дека тие што беа немаа никаква вина за пожарот, жрвите че се заборават, хероите ќе се заборават, а виновниците што некој по мое мислење ги терети за нешто што не се виновни , се ќе се заборави кај нас во државата . Гледаш дека на некој му гори братот, синот , мајката . Со самото влегување внатре гинам и јас . Страотно е да видиш дека некој гори , а не можеш да го спасиш , раскажува Симовски.

Актуелниот министер за зравство пак несакал да ја коментира пресудата  . Допрва се преземале мерки да не се повторела ваква трагедија

– Нема да коментирам одлуки од судски процес, ниту тоа што било во Обвинителство. Од првиот ден заедно со тимот презедов мерки за сите проблематични и модуларни болници и проблемите со клиниките што не се довршени – Клиничка болница Штип, реновирање во Битола, тоа што не се гради во Кичево 30 години,.. За сите работи сме презеле мерки и сакаме законски да се расчистат за да можеме што побрзо во најкраток можен рок да доградиме. Пациентите ни се пред се, изјави Меџити на новинарско прашање по посетата на Клиниката за ендокринологија.

За поранешните директори на тетовската модуларна болница Бесими и Етеми судот пресуди условна казна од три години , а докторот Бобан Вучевски доби ослободителна пресуда.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174