Со влез во Уставот влегуваат секаде: Бугарите ќе се вработуваат државно ќе ги има на МРТ, ќе им плаќаме за антимакедонска кампања, за Пендаровски тоа било НИШТО

Влезот на Бугарите во Уставот ќе значи влез и во државната администрацијата и во програмите на МРТ, каде би можела да се шири антимакедонска пропаганда на македонскиот јавен сервис. Овие права ги предвидува македонскиот Устав за припадниците на помалите етнички зедници, што би станале и Бугарите.

Македонија како држава би имала законски обврски да финансира и помага отворање на бугарски културни центри, финансирање на проекти од културата на македонските Бугари. Што би значело и дека Македонија сама би финансирала негирање на македонската држава ако ги знаеме ставовите на официјална Софија и самоосвестените Бугари од државава.

Според експертите ова е само првото од серијата нови барања на официјална Софија. Според аналитичарот Синиша Пекевски нивните апетити само ќе растат по нивниот евентуален влез во Уставот. 

-Тоа е еден процес кој ќе трае подолго време и започнува прво со внесување на нив во Уставот. Понатаму како ќе поминува времето, само ќе се зголемуваат барањата, од вработувања до задолжително учење на јазикот во училиштата, понатаму зборење на јазикот во администрацијата. Понатаму ќе бараат и буџет за печатење на книги, за снимање на емисии, за вработувања, изјави Пекевски

Пендаровски кој веќе кажа дека нема да пропаднеме како држава ако ги внесеме Бугарите во Уставот, сега е и на ставот дека ништо немало да се промени со нивниот влез.

-(Дали знаете што Македонија треба да исполни по внесувањето на Бугарите во Уставот?) Ништо. Според европската преговарачка рамка, која ја усвоивме лани во Парламентот и ја гласавме во транспрентна постапка, во жив директен пренос за сите медиуми, само тоа е предуслов за да ги почнеме преговорите, изјави Пендаровски

Околу обврската да вработуваме Бугари во државната администрација, само поради нивната етничка припадност, вели нивниот број бил мал, па немало да биде никаков проблем.

-(Со внесување на Бугарите во Уставот ние ќе мораме да имаме процентуално вработување и ќе мора да имаат програма на МРТ, каде ќе можат да шират пропаганда против Македонија?) каналот на МРТВ нема врска со европската преговарачка рамка, вработувањата знаете колку проценти Бугари живеат во Македонија, 0,19. (А ако утре бидат 15?) Како ќе бидат? (Ако јас се пријавам како Бугарин.) Па не би ти препорачал да се пријавиш како Бугарин, изјави Пендаровски.

Пекевски го повика Пендаровски со лична одговорност да потпишел дека внесувањето на Бугарите во Уставот, ќе било последно бугарско барање.

-Нека потпише дека само е тоа,  било кој претседател од позиција на претседател, да не се менува дека тоа е тоа, дека ова се последните барања и океј, ако е само внесувањето на Бугарите супер, изјави Пекевски.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е првото барање на официјална Софија, со кое Македонија би добила зелено светло на европскиот пат. Но, тоа нема да биде и последно, секојдневно од таму ни стигнуваат пораки дека ќе мора да исполниме уште многу други барања, за да не добиваме нови европски блокади.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста