„Сателитите“ го напуштаат Ковачевски стравувајќи од катастрофален пораз на изборите

Помалите коалициони парнтери го напуштаат бродот што тоне. Се поизвесното губење на власта на СДСМ на идните избори е причина плус, тие да го раскинат политичкиот брак со Ковачевски, сметаат дел од аналитичарите. Покрај незадоволството од неисполнетите ветувања кон нив, помалите партии веќе се обидуваат да се оддалечат од сегашната власт наведувајќи разни оправдувања, но во суштина причината е јасна, никој не сака да биде во друштво на губитници, велат дел од експертите. Аналитичарот Божиновски за Алфа истакнува дека  во изминативе 30 години од македонскиот плурализам таквото однесување на помалите партии е непроменето.                                                                                                                                          

-Дел од помалите партии при извесна промена на власта, секогаш се обидуваат да се позиционираат со цел да бидат дел од новата власт, без разлика дали станува збор за Демократски Сојуз, ДОМ, Достоинство или станува збор за партии на помалите етнички заедници, дел од партиите, се разбира. Секако дека при извесна промена на власт тие се позиционираат со цел да се обидат да направат одредени линкови со партијата која ќе биде извесен победник на следните избори, изјави Божиновски.

Божиновски смета дека власта, за година дена ќе биде во рацете на партијата на Мицкоски, а Владата по освојувањето на ВМРО-ДПМНЕ на огормен број на општини, единствено се занимава како да го истера мандатот до крај, па затоа и имаше толку рокади и реконструкции на Илинденска.

Тоа стана јасно по локалните избори кои се одржаа 2021 година, она што го правеше власта овие година ипол, како главен и единствен приоритет е да се обезбеди некакво мнозинство со цел да се истера целиот мандат, оти во случај на избори и нив им беше јасно и сеуште им е јасно дека ќе ја изгубат власта, вели Божиновски.

Инаку најпрво партијата на Трајанов, Демократски Сојуз излезе од коалицијата бидејќи не се согласуваа со вметнувањето на Бугарите во Уставот, по нив и партијата на Морачанин, ДОМ рекоа доколу до почетокот на летото не се реализира ветувањето за една изборна единица тие ќе се разделат од СДСМ. И Достоинство се закани дека ќе се разидат со Ковачевски, оти не е изгласан законот за бранители. И покрај сите овие удари, премиерот смета дека Владата била стабилна.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста