Сали: 560 пациенти биле лекувни со хемофилтрација во „Жан Митрев“, сите ќе се истражуваат

560 ковид пациенти биле третирани со хемофилтрација во приватната клиника „Жан Митрев“. Стручна комисија од од лекари експерти од Кардиохирурија, Инфективна, Интензивна и Нефрологија ќе ги проверува досиејата за да се утврди на каков начин биле лекувани овие пациенти. Дополнително се чекаат извештаи до ДЗСИ, Лекарската комора, МАЛМЕД и Комисијата интрахоспитални инфекции. Министерот за здравство и денеска побара време за здравствените институции да откријат што се случувало зад вратите во болницата.

-Ние добивме материјали од „Жан Митрев“, беа соработливи и ни ги доставија сите побарани материјали. Се работи за 560 пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја кои се обемни, затоа што имаме пациенти кои престојувале таму и по еден месец. Целиот тој третман треба да се анализира од експерти, лекари кои цел живот тоа го работат. Ќе го анализираат секој поединечен случај, изјави Сали.

Приватната клиника се најде во центарот на вниманието кај јавноста откако ИРЛ објави сторија базирана на 24 пријави од граѓани од Македонија и Косово за работењето на болницата, кои говорат за експериментални студии без знаење на пациенти, а и злоупотреба на методот на хемофилтрација.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста