Русковска, Трајчева и Јосифовска денеска добија кривични од Муареми

Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска си добија кривична пријава од првиот човек на Управата за Финансиска полиција. Злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификуње службена исправа се делата за кои директорот Муареми ги пријави трите обвинителки од организиран.

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која се опфатени сите обвинители за кои што сметаме дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела.

Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е се што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка велат во денешното соопштение од Управата.

Директорот на Финансова уште минатата недела најави дека ќе ги пријави Русковска и сите нејзини колеги бидејќи како што тврди претресот на ОЈОГОКК бил неправен незаконски, со низа нерегуларности. Обвинителството на Русковска во барањето за претрес до скопскиот Кривичен суд навеле дека имаат основано сомнение дека Муареми примал награда и противзаконито влијаел за што имаат и докази, кои пак според директорот на Финансовата не постојат.

Нашата постапка пред надлежните институции ќе продолжи преку сите законски права и можности. Не смее ВИЛМА РУСКОСКА да ги руши државните институции, да создава јавен впечаток дека Финансиска Полиција е корумпирана и не работи според закон, а истовремено да смета дека никој не смее да ја контролира и оценува нејзината работа, кажа Муареми.

Судирот помеѓу највисоките истражни органи во Македонија трае 20-тина дена. Започна кога истражителите од Организиран ги тресеа канцелациите во Управата по кривична пријава од група граѓани за злоупотреби, притисоци, малтретирање и насилство…Директорот и возврати со три претставки, а Русковска побара меѓународна помош за како што рече притисоците кои ги трпи од власта за отварањето предмети за високи фунционери, меѓу кои и Муареми. Тој ја повика пак да објави се што има од докази дека сторил криминал.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста