РЕВИЗИЈА НА ИСТОРИЈАТА: Се уште се чека за тоа што ќе се брише, а што ќе се пише во учебникот за седмо одделение

Од министерството за образовавние и наука не откриваат што одлучила комисијата за ревидирање на учебникот по историја за 7мо одделение.

Министерот пред три недели формираше комисија, која требаше во законски утврден рок од 10 дена да ги испита соддржините во учебникот, под оправдание дека соддржел факти кои не соодвествувале со научната реалност.

Законскиот рок за ревизија измина пред две недели, а македонската јавност се уште не знае што ќе учат основците по историја.

Од Алфа прашавме во министерството за тоа, до каде е ревизијата на учебникот и дали воопшто се случи во законскиот рок, но, веќе втор ден, оттаму нема никаков одговор.

Инаку, од министерството под раководната палка на ДУИ решиле да прават ревизија на македонската историја, затоа што до нив стигнале претставки за соддржината на учебникот. И покрај обидите на Алфа да добие одговори од образование, за тоа од кого се претставките, колку се и за кои содржини се однесуваат, оттаму не ги откриваат овие податоци, иако станува збор за информации од јавен карактер.

Во одговорот од пред две недели тие само накратко соопштија дека претставките биле од „релевантни лица“, а истите се однесувале за неколку дела од содржините и предговорот на учебникот. Притоа, и покрај дирекните пршања на Алфа, тие не појаснија ниту кои се релеватните лица, ниту колку претставки пристигнале, ниту пак за кои соддржини од учебникот. Не ги откриваат ниту луѓето кои членуваат во комисијата што ќе ја ревидира македонската историја. Ни одговорија само кој може да членува, според закон.

– „Во Законот за учебници во основното и средното образование е прецизно наведено кој може да биде член на Комисијата“ – Пишуваше во одговорот на 01.11.22

Засега за јавноста е нејасно што е толку таинствено и контроверзно што министерството за образование ги крие одговорите на оваа тема, што ги подгрева сомнежите дека македонската историја ќе биде ревидирана по бугарски терк, затоа што ова не е прв пат учебникот по историја за седмо одделение кој го опфаќа средниот век да биде ставен на маса и да се зборува за негови измени.

Македонија до учебната 2024/25 година ќе мора да ги отстрани деловите кои му сметат на нашиот источниот сосед, а за кои мешовитата историска комисија веќе постигна договор.

Лекциите за Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија, положбата на македонците во Бугарија, антифашистичкиот отпор, Балканските војни и историските факти кои се однесуваат на Цар Самоил се само мал дел од она што Македонија ќе треба да го промени во учебниците по Историја за седмоодоленците согласно протоколот кој го потпишавме со Бугарија.

Во меѓувреме веќе цело полугодие добар дел од учениците следат настава без учебници. За нив министерството за образование и наука подели тендери дури месецов и допрва ќе треба да се печатат. Зделката е вредна над 5 и пол милиони евра.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста