„Пoдај рака“-Хуманитарен настан за поддршка на лицата заболени од ретката болест „Вилсон“

„Пoдај рака“-Хуманитарен настан за поддршка на лицата заболени од ретката болест „Вилсон“

Под слоганот „Подај рака“,во Градскиот парк во Скопје по 8 пат се оддржа хуманитарен настан за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон – која предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес кој се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми.

Натрупувањето на бакар во централниот нервен систем, може да доведе до проблеми со говорот и голтањето, потешкотии во координацијата, тремор, неконтролирани движења, мускулна вкочанетост, промени во однесувањето. Сепак, Вилсоновата болест може успешно да се лекува. При навремено откривање и редовна – доживотна терапија, пациентите со Вилсонова болест можат да имаат нормален живот, со минимални диететски рестрикции.


https://youtu.be/2ybjrNYziyo

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )