Основното преку ноќ стана луксузно, граѓаните револтирани

Основното преку ноќ стана луксузно, граѓаните револтирани

Основното стана луксузно – граѓаните гневни за поскапите цени со воведувањето на законот за зголемување на данокот на додадена вредност. Наместо „перки од ајкула“ и кавијар – стотици основни продукти од широката потрошувачка преку ноќ поскапеа.

Поплаките на граѓаните не допираат до власта. Премиерот Ковачевски се правда дека листата со прозиводи за кои има згомеување на ДДВто од 5 на 10 проценти била детално и внимателно подготвувана. Тој дури и уерува дека данокот на храната во македонија бил најнизок во споредба со регионот.

  • „Доколку постојат некој производи бидејќи се работи за 1600 производи ако има еден, два или три производи кои што навистина претставуваат во количини нешто што секојдневно се конзумира тогаш може да се разгледаат. Меѓутоа листата е детално прегледана и сите производи кои што се со повластена стапка од 5 % тие се 1600 шроизводи, значи 5 % повластена стапка се оние производи кои во најголем дел се користат од страна на нашите граѓани во секојденвната употреба.“-изјава Димитар Ковачевски – претседател на Влада на РМ.

Опозицијата предупредуваше токму на вакви злоупотреби на власта, дека наместо луксузните ќе се зголеми ДДВ-то на основните производи. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ критикува дека власта го прави ова за да ја пополни дупката во државната каса која ја направиле со крадење и тендери во 4 очи.

  • „Им недостасуваат пари во Буџетот што прават тогаш, тогаш едниствен извор за пари им се поголеми даноци и на сметка на гработ на граѓаните. Затоа граѓаните треба да се свесни дека секој еден денар што го плаќаат повеќе за производите кои што до вчера ги плаќале поевтино се директно пари за тендери во четири очи на власта.“-изјава Христијан Мицковски – лидер на ВМРО -ДПМНЕ.

Листата е долга, со неколку стотици производи, а владата е можно да ја коригира, но само минимално, односно кај два-до три продукта кои со новата одлука сега се даночат со 10 отсто. Најавата е дека за ова ќе се расправа на владина седница во вторник. Со зголемување на ДДВ-то за храната власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра за пополнување на буџетската дупка.

Викторија Миткова

https://youtu.be/kicPx-QFSfQ
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )