Продолжуваат разрешувањата во здравствените установи

Министерот за здравство Беким Сали, ќе ја разреши од функција и директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис. Како што неофицијално дознаваме од извори од Министерството, д-р Пановска е следна на списокот на министерот за разрешување. Претходно по барање на министерот Сали, оставки од функциите си поднесоа организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести и директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија. Вчера дел од медиумите информираа дека оставки се очекуваат и од медицинските директори на Клиниката за пулмологија и на Инфективна.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста