Предлог законот за јавен интерес во културата: Суптилно бришење на македонскиот идентитет

Националното станува јавно – скандалозен предлог закон за јавен интерес во културата кој го загрозува македонскиот идентитет.  Културните работници реагираат дека  спорниот Закон  кој првично беше повлечен од Собрание , Власта повторно се обидува да го протурка. Законот предвидува да се избрише терминот национален интерес во културата и да се замени со јавен интерес, што удира врз идентитетот.

Бришењето на националниот интерес во културата и заменувањето со јавен интерес, не ја деградира само културата, ги деградира сите чинители во културата , ја намалува целокупната вредност како на Министерството за култура, и на институциите и на професионалнците, а самото Министерство како предлагач за културни интереси , Ние тука како дискриминација ќе сметаме дека ако една театарска претстава е во спротивност со Преспанскиот и со договорот со Бугарија и нема да се прикаќува . Еден збор, државјанство и имаме цензура во законот за јавен интерес, вели Мими Ѓоргоска Илиевска ,виш филмолог.

Македонскиот идентитет веќе пет години е под сериозна закана  а тоа уште еднаш се гледа и во ваквото предлог законско решение, реагираат културните работници.  Најспорно во Законот, според нив е членот 5 кој меѓудругото предвидува и забрана за дискриминација по основ на државјанство, што во предвод би значело прилагодување кон Преспанскиот или Договорот за добрососедство.

Ние тука како дискриминација ќе сметаме дека ако една театарска претстава е во спротивност со Преспанскиот и со договорот со Бугарија и нема да се прикаќува . Еден збор, државјанство и имаме цензура во законот за јавен интерес, вели Мими Ѓоргоска Илиевска ,виш филмолог.

Дополнително, доколку Законот биде донесен во ваква форма, се загрозува иднината на дипломците во секторот култура поради тоа што се предвидува дека и со други државјанства ќе може да се вработуваат во државните културни институции.

Се отвора пазарот за неконкурентноста на нашите завршени кадри во културата . Се отвора прашањето дека и со други државјанства ќе може да се вработат во секторот култура. Досега се бараше државјанство да поседуваат оние кои ќе работат во државните институции од културата, вели Ивона Опетческа Татарчевска – Етно кореолог.

Предлог законското решение беше повлечено по илјадниците амандмани од опозицијата.  Потоа беше  формирана работна група која треба да  работи на унапредување на предлог – текстот во насока на имплементација на забелешките .  

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста