Прв карантин во Европа поради мајмунски сипаници, сомнителен случај во Грција

Белгија е првата земја која воведува задолжителен 21-но дневен карантин за лицата кои се заразени со мајмунски сипаници и сомнителните случаи.  До сега во Белгија се потврдени четири случаеви со новиот вирус, а  се верува дека извор на заразата е фестивал во Антверпен.

Сомнежи дека мајмунските сипаници се појавија и во регионот. Националната организација за јавно здравје на Грција го испитува првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници.  Станува збор за турист од Англија  кој ги појавил првите симптоми меѓу кои и осип на кожата. Тој заедно со неговата придржничка која до сега е без симптоми се хоспитализирани во болница во Атина, а резултатите од лабораториските наоди ќе се знаат утре.

Националната организација за јавно здравје на Грција им препорача на  граѓаните да ги следат упаствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата. Како што објаснија од организацијата,  симтомите вклучуваат треска, главоболка, исцрпеност , а најчесто и карактеристичен осип еден до пет дена по почетокот на симтомите.

Појавувањето случаи во Велика Британија без претходно патување, како и појавувањето спорадични случаи во други европски земји укажуваат на тоа дека болеста најверојатно се шири во заедницата. Се нагласува дека врз основа на досегашните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација е низок, бидејќи болеста е обично лесна и се самоограничува, со релативно мало ширење, соопштија во петокот од Националната организација за јавно здравје на Грција.

Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден порача дека вирусот е нешто поради кое сите треба да бидеме загрижени.

Загрижувачки е дека ќе остави последици доколку се проширува и понатаму .Напорно работиме на тоа да сфатиме што да правиме“ , рече Бајден.

Според податоците од СЗО досега се потврдени 92 случаи и 28 „сомнителни“. Мајмунски сипаници се регистрирани во Австралија, Белгија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија, САД,  Израел,  Италија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста