Прво КЗ, па амнестија, сега власти прави измени во законот за помилување – што се крие зад кулисите?

Прво КЗ, па амнестија, сега власти прави измени во законот за помилување – што се крие зад кулисите?

Измени во кривичниот законик, нов закон за амнестија па сега и промени во законот за помилување.

Предлог – измените кои ги изготвило Министерството за правда се испратени до Владата која треба да ги разгледа на некоја од следните седници.

Клучната разлика, според Министерството, е дека претеседателот на Републиката може да помилува само луѓе кои веќе се правосилно осудени и на кои им е одредена казна, но не и оние кои се предмет на кривично гонење, односно нема да може да аболицира.

Како една од клучните одредби на предлог-законот, од Правда ја посочуваат и самата постапка за помилување каде што, како што нагласуваат, се предвидени кратки рокови за секоја од иснтитуциите кои се вклучени во постапката.

  • Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување каде се предвидени кратки рокови за секоја од институциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени“ велат од Министерството за правда.

Сепак, што точно содржи предлог – законот и дали можеби на мала врата се протнуваат и други измени кои би му дале поодврзани раце на Претседателот, не се знае зашто целосниот текст се уште не е објавен.

Изминативе неколку месеци имаше неколку скандали поврзани со помилувањата од страна на Стево Пендаровски, меѓу нив и намалувањето на казната на Бедри Зекири, кој важи за еден од нарко босовите на скопското подземје.


За само еден месец, на брза лента поминаа измените во Кривичниот законик со кои се намалува затворската казна за злосторничко здружување, а вчера во собрание влезе и законот за амнестија без европско знаменце ама по скратена процедура.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )