Тренчевска го предизвика гневот на пензионерите – нови масовни протести по 11 октомври

Тренчевска го предизвика гневот на пензионерите – нови масовни протести по 11 октомври

Пензионерите не отстапуваат од нивните барања . Социјални мерки, наместо линарно покачување  не им го смирува револтот  . Бараат 5000 денари линеарно покачување и  одговор зошто не им се дава бараното и каде се нивните пари кои ги вложиле во државата . Протестот кој овој пат од Илинденска се сели пред седиштата на странските амбасади  , со цел да покажат пред меѓународната заедница и Европската Унија во каква сосотојба се македонските пензионери 

Создадено е ново Собрание на пензионерите кои протестираат, веројатно после 11 октомври , ги повикуваме сите пензионери на масовно протестирање .

Според методологијата за покачување пензиите пораснаа за 5,3% , наместо проектираните 6.8 % кои ги најавуваше Владата, со што пензионерите добија само 600-1000 денари плус на сметките.  Овие пари не им стигаат ниту за основните давачки и лекови

  „Струја 2.500, телефон 2.500, вода 1.500, лекови 3.000 и штто ми останува од 13.300. Ајде направете математика па кажете ми .Има луѓе шо земат по 12.000 до 13.000 денари пензија. Само сметките можат да си ги платат, а каде се апчињата . по 2000денари даваме за апчиња. Што да правиме? Каде да одиме?„велат анкетираните пензионери.

Од иницијативниот одбор посочуваат дека  во работните групи не се дискутира за суштинските проблеми и барања кои ги имаат пензионерите.  Тие потенцираат дека се економска , а не социјална категорија

Таму пред се нивни луѓе. Ние не сме социјална категорија ние не сме економска категорија, сме оставиле пари на државата и такви социјални мерки можат да даваат само на луѓето кои примаат социјална помош .  Ние сме пензионери кои го оствариле својот труд и бараме пензиите да ни бидат покачени од нашите пари, вели Трајче Станојков.

  „За вас важи онаа народната сит гладен не верува. Срамота! Не за пензионерите туку за власта. Не се памети во историјата на Македонија луѓето од третата доба да излезат на улица достоинствено за да им се врати гордоста. Тренчевска ние не бараме милост, туку бараме според вашите ингеренции да им овозможете на пензионерите тоа што го заслужуваат„ изјави Соња Арсовска од Иницијативниот одбор на пензионери.

По повеќе од  месец дена откако дискутираат работните групи, а пензионерите се на улица , Министерката за труд и социјална политика вчера откри дека нема линеарно покачување , оти се чувала стабилноста на Фондот . Според неа мерките кои се креирале ќе донеселе поголеми резултати .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )