Потрошувачката кошничка: 50 илјади денари се потребни едно четиричлено семејство да може да преживее

50 илјади денари се потребни едно четиричлено семејство да може да преживее . Додека со платата на еден функционер се покриваат дури три минимални синдикални кошнички, еден работник не може да си го прехрани своето семејство ни со две минимални плати – Пресметката на сојузот на синдикати на Македонија говори за неуспешноста на Владините мерки и политики. За само една година, храната поскапела за речиси 3.000 денари .  Синдикатите ги повикуваат работниците да им се приклучат и заедно да го изразат незадоволството.

И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалоци за само една година се зголемени за 2766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на храна и пијалоци во делот на Синдикалната минимална кошница што покажува дека функционерите си го гледаат само нивниот интерес и знаејќи го овој факт си ги зголемија нивните плати за 2000 денари дневно или за 78% месечно, велат од Сојузот на синдикати на Македонија .

И покрај тоа што цела година имаме одмрзни- замрзни мерки ,  официјалните податоци говорат дека за една година храната поскапела за скоро 17 отсто. Дури и во текот на минатиот месец кога имавме замрзнати цени поскапел зеленчукот и месото за 2 отсто во споредба со март  .

Ваквите бројки го рушат оптимистичкиот став на Владата дека нивните мерки даваат резултат и го штитат животниот стандард . И според првиот човек на стопанската комора Бранко Азески, е премногу оптимизам да се зборува дека ќе имаме едноцифрена инфлација на стартот на летото.

Инфлацијата е комплексна работа која што треба да се разбудат сите структури на државата, да се анимираат и да бидат на штрек и да направи огромна штета. Секој да си се занимава со својата надлежност, секој да преземе мерки на време на база на анализи и да функционираат институциите затоа што така може да изградиме систем кој нема да зависи од поединецот, рече Азески.

Дека владините мерки само гаснат социјален пожар и претходно предупредуваа експертите, а тоа го потврди официјална статистика. Инфлацијата во април едвај паднала 2 проценти во однос на март годинава. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста