Поскапуваат горивата од ноќеска на полноќ


Кај сите горива од вечерва на полноќ ќе има поскапувања, одлучи Регулаторна Комисија.
Цената на Еуросупер 95 се зголемува за 1 денар и од утре ќе чини 78,5 денари по литар, додека исто за 1 денар се зголемува и цената на Еуросупер 98 и ќе чини 80,5 денари. Еуродизел поскапува за 1,5 денари по литар, и од утре ќе се продава по 69 денари по литар. Цената на екстра лесното масло се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 67,5 денари, а мазутот поскапува за 0,6 денари и ќе чини 39,4 денари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста