Поразувачки податоци за тепачките меѓу младите – Кој е виновен за насилното однесување кај децата?

Малоленитците се почесто учесници во тепачки и пресметки со ножеви. Големата зависност од социјалните мрежи и игрите ги оддалечува младите од реалниот свет, па не ретко се иницијатори на агресивност. Психолозите се децидни дека новите генерација се огледало на постарите. Општеството кое го креираат возрасните влијае врз младите, па затоа сите треба да вложат во создавањето позитивни услови, вели за Алфа психолог Стојановска.

  • Веројано и тие се многу изложени на агресија, и од страна на медиумите, од игрите кои што играат, од телевизијата што гледаат, од хериоте нивни со кои се идентификуваат, од нашето однесување како возразни… Нивното доживување за решавањето на конфликтите што ги доживуваат е агресијата.. Има многу работа во овој дел, ние како да има кажеме како они да си ги решат проблемите. Грижата за нивното ментално и емоцијално здравје требало да биде поразлично од она што сега го правиме или да биде побогато, пошироко, и понатака нели грижата за нивниот целокупен раст и развој, да биде на едно сосема поинакво ниво, да им дадеме можност да ги решаваат своите проблеми без агресија.. “ вели Стојановска за Алфа, психолог.

Во последно време, се почесто сме сведоци и на трагедии поради краткотрајна Тик- Ток слава кај малолетниците, а сите светски истражувања покажуваат огромна зависност од социјални мрежи кај најмладите генерации. Забраната во никој случај не е решение, вели Стојановска.

  • Да биде забрана, не, но можеби да се воведен начин на контрола на времето кое го поминуваат на тоа. Ние не можеме да го запреме напредокот, не можеме да запреме и не треба да не гледаат телевизија, да не одат на интернет, да ги користат игрите, но не треба да препуштаме игрите и интернетот да бидат основно воспитно средство“ вели Стојановска.

Билтенот на МВР само за една недела бележи 10-тина тепачки и пресметки помеѓу малолетници, но и насилство од возразни.

Но не само насилство, снимање за социјалните мрежи  заврши трагично за 14- годишно девојче од скопската населба Илинден, која заедно со група малолетници сакале да снимаат за Тик-Ток и се качиле во вагон со висок струен напон, а кабел ја усмртило. Слична несреќа поврзана со снимање на видео за Тик-ток се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото.

Познавачите велат не секогаш младите можат да направат елементарна разлика помеѓу стварноста која се создава на социјалната мрежа и објективната реалност дотаму што дел од нив не можат да проценат каква е вистинската опасност. Едукација од најмала возраст преку образовниот процес и истовремено строга родителска контрола се клучни фактори за правелен раст и развој кај младите.

Западот, но и земји од регионот зборуваат но и забрануваат дел од социјалните мрежи.   

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста