Политиката над регулативите – власта ги испрати во Собрание  законите за коридорите со европско знаменце

Без образложение  и дебата, едноставно  како резултат на политичка одлука ,  петте закони за коридорите  со европско знаменце стигнаа во Собрание . И покрај алармот во јавноста дека ваквиот начин на туркање на законите е злоупотреба , па дури и  самата Европска Унија се произнесе дека законските измени немаат поврзаност со реформската агенда, власта сепак во среда ќе ги стави на пленарна седница .   Вицепремиерот Маричиќ признава оти законите не биле поврзани со реформите, ама биле полтички оправдани.

-Знаеме дека со овие закони нема усогласување со некое европско аки, но ги ставаме за да ја комплетираме трансевропската мрежа на коридори, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

За ваквиот потег, Мицкоски ја повика ЕУ и амбасадорите на сите земји да се произнесат.  

јас еве денеска нема да го коментирам ова, ќе оставам од страна на Европската комисија, односно од канцеларијата на Европската комисија тоа во текот на денешниот ден да биде искоментирано, доколку тоа не се случи тогаш од утре ќе отвориме јавна дебата и по тоа прашање затоа што верзиите кои што ги видовме во делот 5 кој што вообичаено се користи за објаснување со кои делови од европската регулатива се усогласува овој закон, замислете во овие предлози е празен. Значи празен е, не стои таму во што се усогласува, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО – ДПМНЕ

Препукувањата продолжија во прес – центарот на законодавниот дом. ВМРО – ДПМНЕ бара да го има на увид договорот, власта продолжува со иста реторика  – опозицијата била против изградбата на коридорите.  

За ДУИ реакцијата од Брисел не била критика, туку само барање за доплнително објанување.

Од Европската Унија побараа дообјаснување, рече Арбер Адеми од ДУИ

Договорот за „ Бехтел и Енка“  беше тема и на состанокот на сојузот на стопански комори . Од таму бараат и власта и опозицијата да седнат на иста маса со сите засегнати страни и да ги отворат картите .  Инаку со законските измени се овозможува максимална прекувремена работа до 60 часа, инвеститорот се ослободува од ДДВ и акцизи , Државата пак ќе плаќа за експропријација по пазарни цени .

Кристина Алексиеска  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста