Пендиков ќе мора да се врати во Охрид

Новоосвестениот бугарин Христијан Пендиков кој ужива лагоден живот во Бугарија под закрила на тамошните власти,ќе мора да се врати во Македонија и да се појави во охридскиот Основен суд. Бидејќи снимките од камерите на околните објекти каде што се случи инцидентот на 19 јануари се лоши и не се препознаваат ликови, туку само силуети-Пендиков ќе мора се сведочи, дали го препознава 23 годишниот битолчанец кој е осомничен како учесник во тепачката.За таа цел охридското основното јавно обвинителство од надлежните органи во Бугарија ќе ја побара точната адреса на која Пендиков престојува.

Во меѓувреме се собираат докази дали навистина учествувал во тепачката битолчанецот Борче Ангелов чие име е актуелно во јавноста откако го обелоденибугарската организација “Фондација Македонија ”. Ангелов како и охриѓанецот Илија Спасески се осомничени за кривично дело нанесување тешка телесна повреда од омраза. И двајцата се спасија од притвор, за Ангелов судот денеска донесе решение за определивање мерки на претпазливост .

-Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на сега осомничениот да му ги определи следните мерки – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за употреба на лична карта за преминување на државна граница, како и обврска да се јавува повремено -на секои 7 дена на определено службено лице или кај надлежен државен орган.Осомничениот, исто како и претходно обвинетиот во оваа постапка, тврди дека има само македонско државјанство, велат од ОЈО.

Името на битолчанецот Ангелов низ медиумите се спомнува икако учесник на бројни меѓународни натпревари по боречки вештини каде бил и наградуван.

Инаку на 28-ми овој месец  започнува судскиот процес против охриѓанецот Илија Спасески.Според обвинението,на 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста