Охридските рибари бараат да се избере концесионер за езерото

Не нарекуваат криминалци, товарејќи ни вина дека сме го сотреле рибниот фонд на езерото, а државата го остави Охридско две години без стопан. Со тоа се зголеми бројот на рибократци кои со години неконтролирано ловат,бидејќи имаат позадина -обвинуваат рибарите од Радожда и Калишта.Тие си ги бараат неисплатените плати и придонеси кои чесно ги заработија кога беа ангажирани како професионални рибари. Јавно пред камерата на Алфа сведочат дека она што сега го прикажува полицијата за запленетите мрежи и количина риба, е само мачкање очи. Прашуваат каде завршија огромните количини риба која се запленуваа?

„Тие имаат фатено мрежи, ама тоа што го кажуваат е чиста лага, тие имаат фатено не 40 км, 400 км се фатени мрежи.Нема рибар кој не е оштетен со 2-3 км најмалку .Кога бевме рибари бевме 25 рибар 30,на цело езеро сега сме да не претерам можеби 700,800 кратци. Триста плати, јас татко ми и син ми 300 плати немаме земено и кој е криминалец, јас или државата ?“, изјави рибарот Данило Пејоски.

Ни ветија, тврдат рибарите дека нема да не остават на цедило и дека ќе не ангажураат како рибочувари додека се додели нова концесија,но ништо од тоа.

„И како ние ќе го заштитиме Охридското езеро и пастрмката, значи на некого не му штима да се пушти езерото, некој профитира од езерото.Тоа што нема концесија го зголеми бројот на рибократци?Државата сама не направи да бидеме рибократци пошто му ја одзеде концесијата и не ја додели на никого“, изјави рибарот Михајло Солакоски.

Рестораните се полни со риба која за цена од 1.200 денари по килограм се носи преку езерото од Албанија,сведочат рибарите.Во езерото три години веќе не извршен вештачки мрест со пастрмка.Надлежните да кажат каде заврши стотици килограми подмладок на јагула кога последниот пат божем се порибуваше езерото ? Кој го штити рибарите кои неодамна изловија тони јагула на струшкиот Далјан? Пред 3 недели министерот за земјоделие Николоски  им ветил средба,но ги извисил,на закажаниот состанок во Радожда не се ни појавил.Сакавме велат да го прашаме и што се случи со пријавата против вработен во една државна институција,што доколку се обелодени-треба некој да заврши зад решетки,а тој самиот да си даде оставка.

Новинар Росица Голабоска

Снимател, монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста