ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Активна блокада на Собранието од 10-ти мај

Ваквите чекори како овој вечерва е реакција на акцијата на власта и нивното неодговорно однесување и за секој понатамошен чекор единствен виновник е коалицијата на СДСМ и ДУИ и никој друг, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Токму на седницата на Извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието што подразбира активизам за блокада на сите штетни законски решенија и прописи кои што доаѓаат од СДСМ И ДУИ. Оваа блокада ќе стапи на сила на 10-ти мај. Власта има време да си го преиспита однесувањето и да прифати лидерска средба на која ќе се договориме за датум за предвремени избори, рече Николоски.

Тој додаде дека блокадата е само почеток, односно прв во низата на чекори кои оваа партија ќе ги преземе доколку власта не прифати лидерска средба на која би се договорил датум за предвремени парламентарни избори.

-Оваа активна блокада ќе трае во континуитет се до договорот за датум за парламентарни избори. Ова е првите чекори, а потоа ќе продолжиме да разговараме за идни чекори, при што сите опции се на располагање, истакна тој.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста