Осумгодишно дете – Најмлад милионер во земјава

166 илјади евра месечно. Ова е највисоката бруто плата во Македонија во 2021-та, ја добивал вработен во тутунската индустрија. Највисоката пензија била над 7.800 евра, но исплаќана од странство.

Адвокати, нотари и угостители се најдоа во топ 10 листата на лица кои најмногу заработиле. Но, меѓу оние кои имале високи примања има и од други, несекојдневни дејности.

  • „На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во дејностите: одгледување свињи, производство на метални производи, болници, трговија со фармацевски производи, управувачки дејности и компјутерско програмирање“. – Истакна директорката на УЈП, Соња Лукаревска.

Од дивиденда пак, најмногу заработил велешанец, кој во 21та му биле исплатени 3 милиони и 300 илјади евра. Скопјанец заработил над 2.1 милион евра од продажба на сопственички удел, што го прави да се најде на врвот во категоријата највисоката капитална добивка. Во дејноста издавање имот, на врвот повторно се најде скопјанец, кој од издавање на деловен простор заработил над 600 илјади евра.

Жител на Скопје од игри на среќа заработил речиси 670 илјади евра, а второрангираниот, главно од обложувалници, се офајдил со над 500 илјади евра.

  • „Годишните даночни пријави се параметар за примањата на граѓаните во 2021 година, деновиве ќе започнеме со генерирање на приходите за 2022 година. – Вели Лукаревска.“

Оние кои заработуваат милионски суми веројатно не скенираат фискални сметки. За тие кои ја користат апликацијата МојДДВ се уште не е остварено ветувањето за зголемен поврат на данок на 700 денари месечно. Од УЈП велат дека законските измени се уште се во Собранието.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста