Одложени завршните зборови за пожарот во тетовската модуларна болница, нови протести за д-р Вучевски

Завршните зборови во судскиот предмет за пожарот во тетовската модуларна болница се одложи бидејќи еден од обвинетите се разболел. Флорин Бесими не дошол од здравствени причини, висока температура и треска, поради што адвокатот достави лекарска документација.

Рочиштето е закажано за 10-ти мај, кога завршиниот збор во предметот треба да го дадат поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми, кои се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“

Обвинето и правното лице Клиничка болница, заедно со „предивикување општа опасност“.

Пред да почне рочиштето, пред Основниот суд во Тетово и денеска се одржа протест за поддршка на доктор Бобан Вучевски. Учесниците кои докторот го пречекаа со аплауз, посочија дека обвинителството вината треба да ја бара на друго место, докторот треба да биде меѓу пациентите, а не на обвинителна клупа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста