НСП: Полицајци плаќаат од џеб на лекар, МВР не им платила здравствено осигурување

Полицајците оставени без здравствено осигурување, плаќале целосни суми на лекар како да се на приватно лекување. Еден од полициските службеници дури бил вратен со потсмев од лекарите кои го упатиле на шалтерот за да го плати полниот износ бидејки нема здравствено осигурување, на што неговотот детенце прашало дали татко му е избркан од работа?. Независниот синдикат на полицијата јавно се обрати до директорот на фондот за здравствено осигурување, Министерот за здравство Беким Сали, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Премиерот Димитар Ковачевски. Зошто на вработените во МВР не им е платено здравствено осигурување, кое што им следува со закон.

Вработените во полицијата кои ги извршуваат нивните редовни лекарски или вонредни или преку матичен доктор кои ги имаат закажано прегледите да немаат проблеми и да не плаќаат приватно мора да го решат уште денеска. Ако не може министерот, го повикувам премиерот да ги собере и оваа работа да ја надминат бидејќи оваа не е прв пат, ова се случува неколку пати во изминатите години. Не може да се случи никој да не одговара за ваква работа која е многу сериозна, изјави Гоце Делчев Тодев – претседател на независниот синдикат на полицијата.

Каде одат парите што се наменети за здравствено осигурување, во што се вложени и каде се потрошени, прашуваат од синдикатот. Долго време бараат одговорност за ваквите пропусти на МВР. Од надлежното министерство тврдат дека се им е покриено на сите службениции, и да не се ширеле дезинформации.

Ја известуваме јавноста дека е решен проблемот кој се појави во Фондот за здравство и сите вработени во МВР можат да го користат здравственото осигурување. Како што веќе известивме, за сите вработени во Министерството за внатрешни работи редовно се уплаќаат придонесите во законски утврдените рокови, но вчера настана проблем поради пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос, изјавија од МВР

Од синдикатот сметаат дека на овој начин само опаѓа моралот на полицајците, кои што се разочарани од ваквите политики на државата.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста