Нови 60 сомнителни случаи за туберкулоза, се чекаат резултати од испитувањата

Нови бројки на сомнителни случаи на туберкулоза. Околу 60-тина возрасни лица го чекаат својот термин за преглед и испитувања дали се носители на оваа заразна болест. Сите се поврзани со заболените во прифатниот центар Визбегово. Според докторите од Институтот за ТБЦ нема простор за паника. Д-р Каролина Пиловска за Алфа вели дека со препораките дадени од СЗО до дијагноза се доаѓа брзо дури за помалку и од 24 часа, а лекувањето одело етапно и ефикасно.

Се уште не се дојдени сите, договорени се термини да доаѓаат за преглед. Се работи за околу 60-тина лица, треба да доаѓаат по десетина дневно за да може да се заврши тоа за десетина дена да можат да бидат прегледани сите.” – вели д-р Пиловска.

За разлика од возрасните, за децата резултатите се чекаат и до 72 часа со таканаречениот манту-тест за тубрекулоза.Во Козле чекаат испитувања за тубрекулоза околу 22 деца.

Дали зголемувањето на заболени од тубрекулоза се должи на ковид пандемијата ? Според докторите тоа има голема поврзаност, бидејќи станува збор за белодробно заболување.

Постојат студии каде што укажуваат на тоа дека пацинетите со хормонални фекелии предизивикани од ковид 19 го сголемува ризикот од активирање на туберкулоза.А ковид19 доведува до промени во имуниот одговор на човекот, и овие промени може да влијаат на дијагнозата и менаџирањето на латентна туберкулоза.” – изјави д-р Пиловска.

Инаку,од туберкулоза неодамна почина деветмесечно бебе кое беше хоспитализирано на детска клиника и беше на механичка вентилација. За овој случај се крена прашина во јавноста бидејќи имало 9 месеци а тежело само 3 килограми, но надлежните констатираа дека не потекнувало од социјално семејство.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста