Нова бугарска провокација: Бугари, купете ја македонската економија, така ќе ја контролираме Македонија

Бугарите да ја купат македонската економија, бидејќи кој ја контролира економијата, контролира се. Нова серија провокации од Софија, повторно во главна улога бугарската Фондација Македонија. Порачуваат дека време е Бугарите да купуваат акции во македонските фирми, со цел да се преземе контрола врз Македонија.

Според пишаното, од таму потенцираат дека треба да се искористи тешката состојба на македонската берза, каде дневниот обрт бил меѓу 125 и 150 илјади евра, од кои 80 проценти доаѓале од една банка.

-На пазарот на труд во Македонија работат под 700.000 луѓе, од кои околу 100.000 се водат на работа, но не работат, само земаат пари како служители на различни државни структури. Во приватниот сектор работат под 500.000 луѓе… Сега е време Бугарите да ги купат македонските акции, да ја купат целата македонска економија, сега и во следните две години, во кои вредноста вредноста на македонската економија ќе се намали за нови 30 до 45 проценти. Знаете дека во 21 век, кој ја контролира економијата контролира се. Ние сме на потег, порачуваат од Фондација Македонија.

Ова не е единствен пример на секојдневните провокации од бугарска страна, еден од најкористените стана и отворањето на културните клубови именувани по докажани соработници на фашистичкиот режим, како Цар Борис Трети и Ванчо Михајлов, на чие отворање присуствуваше и тогашниот бугарски премиер Кирил Петков, со речиси целиот свој кабинет.

За разлика од него нашиот премиер Димитар Ковачевски, нема да присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград, во недела ќе бил во Скопје, а порача дека се уште подготвувале документација за отворање на клуб во Благоевград, иако тоа беше најавено уште пред половина година.

Од македонската Влада досега не реагирале на прокациите на Фондација Македонија и нејзиниот предводник Виктор Стојанов. Главна на оваа организација е докажување на бугарската вистина за македонското потекло, а тоа е дека Македонците и македонскиот јазик не постојат. Со цел испраќање на своите пораки често се користи и географска мапа каде не постојат границите меѓу Македонија и Бугарија.

-Ќе бидеме пак едно, за тоа работиме, за тоа живееме, за тоа се трудиме, пишаа од Фондација Македонија.

На само неколку дена пред планираното отворање македонскиот културен клуб во Благоевград именуван по Никола Вапцаров, во Градскиот парк во Скопје, беше вандализирана биста посветена на овој поет.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста