Николоски: Огромен буџет, празни џебови на народот – Бесими вели дека државната каса е ќе го одржи економскиот раст

Огромен државен буџет, празни џебови на народот. Вака накусо потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја оценува бизнис климата во Македонија во очекување на буџетот за 2023. Во неговата последна колумна, тој предупредува дека власта планира догодина да потроши фантастични 5 милијарди и 281 милион евра. При тоа вели, планира буквално да ја цица пота и маката на народот. Николоски реагира дека во време на криза во делот на енергенси и храна, Владата на СДСМ и ДУИ планира да собере од народот 4 милијарди и 585 милиони евра, а разликата до 5 милијарди и 281 милиони евра во висина од 696 милиони евра да ја обезбеди од кредити. Буџетот за 2023 според него е криминален, расипнички и ја води државата кон банкрот

  • Значи ем да го соголи наодот ем да направи огромен дефицит односно дупка која ќе ја плаќаат следните генерации. Власта од секој еден од вас ќе собере и потроши ваши пари во висина од 2875 евра. Тоа значи дека власта на СДСМ и ДУИ на секое четиричлено семејство ќе му земе по 11.500 евра годишно, пишува во колумна Николоски.

Дополнителен проблем според Николоски е начинот на кој власта планира да ги троши парите. Клучните капитални инфраструктурни проекти вели ги нема во приоритетите.

  • Овие големи средства нема да се потрошат за да се изгради автопатот Охрид – Кичево, или да се изгради крак до струга и граница со Албанија, уште помалку за да се изгради автопат Кичево – Гостивар, или овие пари нема да се потрошат за да се изгради нов клинички центар, или можеби нов енергетски објект, да не зборувам за брза пруга Скопје – Солун. Средствата ќе се трошат во нејасни и матни процедури, во тендери во 4 очи и спорни набавки за лица блиски на власта.Значи ем да го соголи наодот ем да направи огромен дефицит односно дупка која ќе ја плаќаат следните генерации. Власта од секој еден од вас ќе собере и потроши ваши пари во висина од 2875 евра. Тоа значи дека власта на СДСМ и ДУИ на секое четиричлено семејство ќе му земе по 11.500 евра годишно, пишува во колумна Николоски.

Во пресрет на дебатата за буџетот, министерот за финансии Фатмир Бесими пак  уверува дека она што го скроиле како стратегија е соодветно за одржување на економскиот раст за време на криза и забрзување на среден рок. 

  • Покрај билансот на приходи и расходи, ќе се зборува за еден многу поширок концепт на политики, бидејќи неопходно е прво економијата да закрепне, а потоа и да се постават соодветни политики за забрзување на растот и консолидација на јавните финансии на среден рок, напиша во колумна Бесими.

Наредната година според Бесими ќе имало повеќе пари за капитални расходи:

  • Имаме планирано за околу 50% повеќе капитални расходи во однос на тековната година. Конципирајќи го овој буџет се водевме од „златното правило” во јавните финансии – задолжување, односно дефицит, само во функција на поддршка на нови инвестиции, напиша во колумна Бесими.

Инаку буџетот за наредната година е на дневен ред на собраниската комисија за финансирање и буџет во среда на 23 ноември.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста